Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Села поднесе оставка на лидерската позиција во Алијансата за Албанците

/

пред 1522 дена

Сподели преку :

По убедливиот пораз на вчерашните избори за новиот состав на Советот на општина Тетово, на кои неговата партија не успеа да обезбеди ниту еден мандат, лидерот на Алијансата за албанците, Зијадин Села,  изјави дека денеска поднел оставка на функцијата.

„Јас стојам до секој збор кој го имам кажано а тоа е дека Тетово не е само една општина и само еден град. Резултатите во Тетово навистина се надвор од  секое наше очекување за Тетово и како Претседател на партијата сум спремен да преземам одговорност и од овој момент преземам одговорност и давам неотповиклива оставка како Претседател на партијата “ – изјави Села.

Тој додаде дека во период кој следува највисокиот орган на партијата, Централното Собрание треба да одлучи кој ќе биде вршител на должност на претседател на партијата.