Семејствата на настраданите во пожарот во Кочани денеска на „Марш за ангелите“ во Скопје. Од пред обвинителството, преку плоштадот, маршот го завршија пред Собранието. Барање за одговорност, крај на корупцијата која убива и транспарент „Каде да фатиме врски за правда“, беа барањата кои ги донесоа со себе.











