Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Серија експлозии околу рускиот град Белгород, запалено складиште за муниција

/

пред 1622 дена

Сподели преку :

Серија експлозии се слушнале во средата рано наутро во рускиот град Белгород, во близина на границата со Украина, изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Гладков и рече дека гори складиште за муниција.

Гладков рече дека нема повредени цивили во пожарот што избувна во магацинот кај селото Стараја Нелидовка.

Русија овој месец ја обвини Украина за напад на хеликоптери во складиште за гориво во Белгород и гаѓање на неколку села во покраината.

Провинцијата Белгород се граничи со украинските региони Луганск, Суми и Харков, каде што се водат борби откако Русија ја нападна Украина пред два месеци.