Годината што изминува беше доста тешка, доста црна, не може да не се спомене Кочани, тоа е нешто што ќе се памети за 10, 20, 30, 50 години, нагласи новинарот Бојан Шашевски во „Директно“ на ТВ Телма.
„Страшна несреќа во Кочани. Зема 63 лица, главно млади, над 200 повредени. Остави голем белег во коруптивните дејности во земјава кои што се случувале години наназад и кои што ќе треба да се решаваат понатаму. Дојде „Безбеден град“ како најава, затоа што просечно годишно гинат 120 луѓе од сообраќајни несреќи. Тоа значи дека годишно умираат по две дискотеки „Пулс“ на улиците, што е страшна бројка. Во доста пори во општеството сè уште нѝ се случува дискриминација, во образованието“, изјави Шашевски.
Граѓански револт од млади луѓе, се формираа многу нови иницијативи, произлезе иницијативата „Кој е следен?“, потоа Дошница, каде со храброста на луѓето си заминаа машините, „Стоп за Вардариште“ исто така, потенцира Шашевски.
„Имаше иницијативи кои што правеа отпор и кои што на долг рок ми даваат некаква надеж дека општеството реагира. Особено што видов доста млади луѓе“, рече Шашевски.
С.Д.











