Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

/

пред 97 дена

Сподели преку :

По реконструкцијата на Владата, ВЛЕН ќе има 6 министерства, соопшти Беким Сали, генерален секретар на ВЛЕН и актуелен вицепремиер и министер за европски прашања.

Тие го напуштаат  здравство – ресор со кој министеруваше Азир Алиу, а ги добиваат министерствата за правда, култура и министерството за односи со заедниците, каде на чело беа Иван Филков од ЗНАМ, Зоран Љутков од ВМРО ДПМНЕ  и Иван Стоиљковиќ од Демократската Партија на Србите.

Според неофицијални  информации на Телма, ВЛЕН за нов министер за првада ќе го предложи професорот Јетон Шасивари кој е  професор по уставно право и админстративно право на Штуловиот универзитет. Предлог на ВЛЕН за нов министер за култура ќе биде Седат Сулејмани кој досега ја извршуваше функцијата заменик-министер.

Кадар на ВЛЕН, според партиски извори, треба да застане и на чело на Министерството за односи меѓу заедниците и за оваа позиција ВЛЕН ќе го предложи Агон Ферати – кој беше потпретседател на Движењето за реформи во ДПА.

Беким Сали останува да биде прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамет Хоџа и натаму ќе раководи со  министерството за животна средина, а со министерството за економија Бесир Дурмиши.

„Во пакетот за учество во владата договорени се министерствата за животна средина, економија, правда, култура, за евроинтеграции и за односи меѓу заедниците. Се уште нема финално име за правда и култура, но тоа ќе бидат две нови имиња. Актуелните министри мислам дека добро перформираат во Владата, задоволни сме како Вреди и ќе продолжат понатаму. Здравство не е дел од пакетот, не од нашиот, изјави пред новинарите и партсикиот собир Беким Сали, генерален секретар на ВЛЕН и актуелен вицепремиер и министер за европски прашања.

Премиерот Мицкоски најави дека во вторник ќе ги објави новите имиња во реконструираната влада.

ВРЕДИ се пофали дека ги добива Правда од ЗНАМ и Kултура од ВМРО-ДПМНЕ, а го дава здравство- Димитриевски вели остануваме на две министерства