Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Шефицата на албанската дипломатија го згреши процентот на Албанци во Македонија

/

пред 296 дена

Сподели преку :

Министерката на Албанија за Европа и надворешна политика, Елиса Спиропали, за време на денешната посета на Македонија рече дека според последниот попис во Македонија, 33 проценти од населението го сочинуваат Албанци. Таа од новинарите на пресот беше замолена да го повтори процентот кој го кажа, зборувајќи за почитувањето на Охридскиот рамковен договор, но во одговорот кој го даде не го направи тоа.

Инаку, според последниот попис во Македонија, спроведен во 2021 година, во земјава живеат 24,3 проценти Албанци, додека вкупниот процент на резидентни и нерезидентни граѓани на Македонија, етнички Албанци, е 29,52.

Спиропали, иако ги „владееше“ статистичките податоци од Македонија, немаше статистички податоци за тоа колку Албанци државјани на Македонија побарале државјанство од Албанија со нејзиното приближување до членство во ЕУ.