Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шефот на украинската дипломатија утре заминува за Пекинг

/

пред 822 дена

Сподели преку :

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба ќе ја посети Кина од 23 до 25 јули за да разговара за начините за ставање крај на војната меѓу Киев и Москва.

„Главна тема на разговорот ќе биде изнаоѓање начини за запирање на руската агресија и улогата на Кина во постигнувањето траен и праведен мир“, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи. Кинеските власти ја потврдија посетата.

Пекинг е главниот сојузник на Русија и двете земји се обединети во нивното противење на Западот.

Во јуни, Пекинг не присуствуваше на мировниот самит во Украина организиран од Киев во Швајцарија во знак на протест поради отсуството на Русија, која не беше поканета.

Сега украинските власти сакаат да подготват план за „праведен“ мир и имаат намера да ја поканат Москва да учествува на вториот самит. Сепак, Русија сака де факто капитулацијата на Украина да стави крај на војната, вклучувајќи го и откажувањето на Киев од сојузот со Западот и отстапувањето на петте украински региони кои руските сили ги окупираа целосно или делумно.

Пекинг смета дека напорите на меѓународната заедница за ставање крај на војната треба да бидат насочени кон создавање услови за директен дијалог меѓу Москва и Киев.