Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест аеродроми во Франција евакуирани поради закани од напади

/

пред 1082 дена

Сподели преку :

Шест аеродроми во Франција беа евакуирани денеска откако примиле електронска пошта со закани за напади, полициски извор изјави за агенцијата АФП.

Евакуирани се аеродромите во Лил, Лион, Нант, Ница, Тулуз и Бувие во Париз, за да им се овозможи на властите да ги расчистат сите сомнежи дека заканите можеби се вистински, кажа изворот.

Франција го подигна нивото на безбедносна готовност во петокот откако исламски радикал уби наставник и повреди уште тројца на северот на земјата.

Версајскиот дворец, едно од главните туристички места во Франција, вчера беше затворен, откако претходно ги евакуираше туристите од безбедносни причини.