Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест деца загинаа во израелски напад додека чекаа во ред за вода – ИДФ: Тоа беше техничка грешка

/

пред 462 дена

Сподели преку :

Десет луѓе, меѓу кои шест деца, загинаа во израелски воздушен напад во средишниот дел на Појасот Газа додека чекаа во ред за вода. Телата на загинатите се пренесени во болницата Ал-Авда во Нусеират, каде, исто така, се згрижени уште 16 ранети, меѓу кои седум деца, потврди еден од лекарите.

Очевидци тврдат дека дрон истрелал проектил врз група луѓе кои со празни канистри чекале ред крај цистерна со вода во бегалскиот камп Ал-Нусеират.

Израелската војска објави дека дошло до „техничка грешка“ за време на нападот чија мета бил „терорист“, припадник на Исламски џихад, а проектилот паднал неколку десетици метри подалеку од целта. Инцидентот, додаваат, моментно е предмет на истрага.

Израелските сили соошштија дека се запознати со „тврдења за жртви во тоа подрачје“, додавајќи дека прават се што е можно „за намалување на штетата по цивилите и оти жалат за секоја цивилна жртва која не била вклучена во конфликтот“.