Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест километри на час максимална отстапка за казна за надминување на брзината на возење низ град, најави Тошковски

/

пред 246 дена

Сподели преку :

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека системот Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните, туку системот е да спаси човечки живот плус. Во гостувањето во Дневникот на МТВ тој рече дека е поместена осетливоста на системот, и сега се прифаќаат отстапки до шест километри на час.

  • „Во изминатиот период имаше огромен број на забелешки затоа што во првичниот период немаше толеранција во рамки на опоменувањето на граѓаните и воведовме толеранција. Правилникот кој е во надлежност на Министерството за енергетика, во консултација со екперти, професори, со луѓе од министерството за енергетика и од Министерството за внатрешни работи, се измени и стапи во сила во текот на вчерашниот ден, со тоа што сега за брзини до 50км/ч останува како што беше и претходно, толеранција од 6км/ч. Тоа значи дека ако возите моторно возило таму каде што имаме знак од 30 км/ч, со 36км/ч камерата нема да ве евидентира за сторен сообраќаен прекршок, туку ќе ве евидентира од 37км/ч. Од 50 до 100 км/ч толеранцијата законски согласно новиот правилник е 9км/ч, тоа значи дека ако управувате моторно возило таму каде што е дозвилено до 50км/ч, со 51км/ч камерата ќе ве евидентира и ќе ви прати порака, односно ќе ве казни системот доколку управувате моторно возило со 60км/ч.“,  рече министерот.

Тошковски истакна дека при ограничување од 100км/ч, а возите над 101км/ч, камерата ќе ве идентификува со толеранција од 12км/ч, значи таму би биле санкционирани доколку возите со 113км/ч.

  • „Овие толеранции се дефинирани во рамки на правилник под Министерството за енергетика и сметаме дека се апсолутно прифатливи се со цел овој систем да го заживееме се со цел да спасиме ден човечки живот повеќе, а притоа да ги увериме граѓаните дека целта не ни е казнување, туку целта ни е помалку повредени, помалку сообраќајни незгоди, помалку загуби на човечки животи, рече министерот Тошковски.