Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест лица се повредени во напад со нож на плоштадот пред Операта во белгискиот град Антверпен

/

пред 254 дена

Сподели преку :

Шест лица се повредени во напад со нож на плоштадот пред Операта во белгискиот град Антверпен, каде се одржувал протест. Две од жртвите се во критична состојба, а сите имаат убодни рани, соопшти портпаролот на локалната полиција Ваутер Браунс.

Полицијата уапсила двајца осомничени за нападот, кои според првичните наоди се измешале со демонстрантите. Четири од повредените биле пронајдени на плоштадот, а останатите две во околните улици.

На местото на настанот интервенирале медицински екипи кои им пружиле прва помош и ги пренеле во болница. Истражителите спроведуваат темелна истрага, вклучувајќи форензичка анализа, но засега нема информации за мотивите зад нападот. Полицијата продолжува со собирање докази и испрашување на сведоци.

Т.Д.