Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест жртви во пожар, меѓу кои четири деца на возраст од две до седум години – семејна трагедија во Нови Сад

/

пред 789 дена

Сподели преку :

Шест луѓе загинаа, меѓу кои четири деца, во пожар во семејна куќа што избувна утрово во Нови Сад.

„Во пожар што избувна утрово околу 3 часот, во куќа на улица „Ѓорѓа Дера“, загинаа шест лица, меѓу кои четири деца на возраст од две до седум години“, изјави српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.

Сите жртви се од едно семејство. Децата биле на возраст од седум, пет, четири и две години.

Пожарот е изгаснат, а полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото на трагедијата. Според првичните информации, пожарот најверојатно го предизвикал скутер што бил приклучен на електричната мрежа.