Најмалку шест лица загинаа, а 31 се повредени во сообраќајна несреќа во Авганистан, кога патнички автобус се судри со цистерна со нафта во провинцијата Газни. Според локалните здравствени власти, меѓу повредените има и деца.
Повредените веднаш биле префрлени во локалните болници за укажување медицинска помош, изјави директорот за јавно здравје на Газни, Мухамад Срак Зерак.
Сообраќајните несреќи се чести во Авганистан, особено поради несовесно возење, преоптоварени патишта и недостиг од соодветна сообраќајна сигнализација.
Најголем дел од инцидентите се случуваат на автопатот Кабул-Кандахар, каде што сообраќајот е интензивен, а безбедноста често запоставена.











