Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шестнеделно примирје и ослободување на заложници – извор од САД тврди дека Израел се согласил за прекин на огнот во Газа

/

пред 966 дена

Сподели преку :

Израел се согласи на рамковен договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелски заложници кои ги држи радикалното палестинско движење Хамас, пренесе БТА повикувајќи се на светски агенции.

Ова го соопштил неименуван висок претставник на американската влада кој додал дека сега се зависи од согласноста на исламистичката група.

Израелската страна „генерално“ го прифатила предлогот, кој вклучува шестнеделно примирје во Газа, како и ослободување на поранливите заложници кои моментно ги држи Хамас. Се мисли на луѓе кои се болни или повредени, како и постари лица и жени.

„Израелците во основа ги потпишаа точките од договорот, изјавил денеска претставникот на администрацијата на Џо Бајден.

„Сега топката е во теренот на Хамас и ние продолжуваме да инсистираме максимално (за согласност од групата)“, додаде тој.

„Заложниците треба да бидат ослободени“, изјави претставникот за новинарите во конференциска сала во Вашингтон.

„Договор, во основа, има. Но, не сакам да создавам очекувања на овој или оној начин“, нагласи тој.