Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шилегов обвини дека СДСМ е заробена партија од тезгароши, од партијата велат дека лидерот е избран на легитимни внатрепартиски избори

/

пред 732 дена

Сподели преку :

СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани „лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни. Март е пролет!!! Пролет е СДСМ!!!!, напиша денеска на Фејсбук Петре Шилегов, член на СДСМ и поранешен градоначалник на Скопје.

Подоцна тој објави уште еден пост како појаснување на првиот:

„Илјада зошто, едно затоа. За да нема нејаснотии, бидејќи имам многу јавувања, многу пораки, многу коментари, ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник. Ете затоа“, наведува Шилегов.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска на прес-конференција, коментирајќи ги објавите на Шилегов, изјави дека СДСМ имаше легитимни внатрепартиски избори на кои го избра новиот лидер во постапка во која учествуваа дури четворица кандидати.

„СДСМ е најдемократска партија во државата која единствена го бира својот претседател на демократски и непосредни избори. Оттаму легитимитетот на претседателот на СДСМ не може да се оспорува. Немаме намера да навлегуваме во лични напади и остануваме посветени на демократските принципи кои ги почитуваат различните ставови, но во рамките на цивилизиран дијалог“, рече Кузеска.