Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шимоните за „Фајненшл тајмс“: Литванија подготвена да испрати војници во Украина за обука

/

пред 897 дена

Сподели преку :

Литванија е подготвена да испрати свои војници во Украина за обука, изјави премиерката на таа земја Ингрида Шимоните за „Фајненшл тајмс“.

Таа додаде дека Парламентот претходно ја поддржувал оваа идеја, но дека тоа не е направено бидејќи Киев не побарал.

Шимоните рече дека е свесна дека испраќањето војници во Украина, Русија ќе го смета за провокација.

„Ако постојано размислувавме за рускиот одговор, тогаш немаше да можеме да испратиме ништо. Секоја втора недела слушате дека некого ќе бомбардираат“, рече Шимоните.

Прашана за коментар за претстојните руски вежби со тактичко нуклеарно оружје, кои се одговор на западната реторика, првенствено на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за испраќање војници во Украина, премиерката на Литванија рече дека се сомнева дека Русија ќе користи нуклеарно оружје.