Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шкотскиот премиер Хумза Јусаф поднесе оставка

/

пред 906 дена

Сподели преку :

Шкотскиот премиер Хумза Јусаф поднесе оставка, наместо да се соочи со гласањето доверба во шкотскиот парламент, откако неговата одлука да се откаже од коалицискиот договор со Зелените доведе до владина криза.

Одлуката за поднесување оставка Јусаф ја донесе поради неможноста да договори коалиција со националистичка партија која има само еден пратеник во парламентот, но кој сепак ќе му беше доволен да формира мнозинство.

Без изгледи дека ќе успееше да ја добие довербата од парламентарците, Јусаф одлучи да се повлече наместо да се соочи со нив на седницата која требаше да се одржи оваа недела.