Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шолц: Подготвен сум да разговарам со Путин за решавање на ситуацијата во Украина

/

пред 734 дена

Сподели преку :

Канцеларот на Германија, Олаф Шолц изрази подготвеност да седне и да разговара за мирно решавање на ситуацијата во Украина со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Тој пред Бундестагот се заложи за одржување на мировна конференција за Украина на која би учествувала Русија. Шолц наведе дека постојат јасни принципи во мировните напори, особено дека сите можни одлуки не можат да се носат „зад грбот на Украина и без координација со партнерите“.

Војната во Украина беснее веќе три години, и нема показатели дека наскоро би можела да заврши. На Украина и се заканува трета тешка зима, пред се поради разрушената енергетска инфраструктура од жестоките бомбардирања на Русија.