Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штип „се гуши“ во чад, намалена видливоста на улиците – пожарите на Серта се приближуваат до неколку села

/

пред 821 дена

Сподели преку :

Градот Штип вечерва е завиен во чад, а исто така и се чувствува неговиот мирис. Видливоста низ улиците е намалена, бидејќи попладнево гореше густата шума над штипските села Селце, Драгоево и Пиперово. Пожарникарите, припадниците на Армијата, вработените во комуналните претпријатија се бореа со огнените јазици, се правеа и пресеци со градежна механизација, со цел пожарот брзо да не се шири кон штипските села.

Пожарот над селото Селце е на три километри, на трасата на гасоводот беа и дел од екипите кои гаснат пожарот, а месното население со трактори и теренски возила помага со носење на вода на пожарникарите. Штипскиот градоначалник, Јорданов и неколкумина пожарникари во последен момент се спасиле од огнот.

Во 22 часот вечерва во Општина Штип е закажан состанок на кризниот штаб на Општина со состојбата со пожарите во штипскиот дел на планината Серта, каде веќе огнот се доближува до неколку штипски села.

Викторија Јованова