Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штрајк на грчките цариници на 2 и 3 април

/

пред 935 дена

Сподели преку :

Грчките цариници најавија дводневен штрајк на 2 и 3 април, поради што сообраќајот на граничните премини од и кон земјата ќе биде целосно во прекин за камиони и секакви пратки. Не е исклучена можноста за повремено пропуштање на возила, нешто што е најавено дека ќе биде дефинирано непосредно пред почетокот на штрајкот, пренесува Агенцијата за медиуми од Атина.

Штрајкот на грчките цариници ќе влијае на сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија.

Федерацијата на царинските службеници на Грција соопшти дека цариниците од Независната управа за јавни приходи, како и од Министерството за финансии, ќе одржат 48-часовен штрајк, а поддршка на штрајкот изрази и Синдикатот на вработените во јавниот сектор преку соопштение.