Со прекин на програмата и истакнување на барањата, вечер од 19:00 до 19:30 часот, почнува штрајкот на 96 регионални и локални медуми. Ова го соопштија од Здружението на овие медиуми „Медиум објектив“, откако до вчера надлежните не им одговорија на нивните барања.
Тие бараат од Владата да биде прифатено нивното барање за ослободување од 50 отсто за плаќањето на надоместокот за дозвола, кое го испратиле лани на 24 ноември, откако претходно Регулаторот обезбедил 50 отсто намалување.
Получасовниот штрајк ќе трае во наредните две недели и доколку не се исполнат барањата, тогаш прекинот на програмата ќе се зголеми на еден час, а медиумите ќе престанат да ги следат активностите на челниците на локалната самоуправа и јавните претпријатија во информативните блокови и ќе ги повлекуваат екипите од прес – конференциите.











