Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штрајк на таксистите во Атина

/

пред 257 дена

Сподели преку :

Нов 48-часовен штрајк во 6 часот утрово започнаа такси- возачите во Атина организирани од нивниот синдикати, со што грчката метропола до четврток наутро ќе биде без такси превоз.

Таксистите и минатата седмица одржаа дводневен штрајк што дополнително беше продолжен за уште 24-часа.

Од синдикатот на такси-возачите во Атина соопштија дека и преку овој штрајк уште еднаш ги истакнуваат нивните барања што се однесуваат на законската обврска сите такси возила постепено да се заменат со електрични, на нелојалната конкуренција, на дозволата сите такси возила да се движат во специјалните коловозни ленти наменети за автобуси итн.

Штрајкот на таксистите ќе заврши в четврток во 6 часот наутро.