Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штрајкот на СОНК во мирување – продолжи наставата во училиштата

/

пред 1619 дена

Сподели преку :

Процесот на настава тече без проблем во училиштата и сите просветни работници се на своите работни места.

Од СОНК одбиваат да коментираат дали ќе има одговорност за изгубените часови настава досега, со оглед на тоа што медијатор можеше да биде назначен уште на почеток, без да се губат часови.

Уште денес е започната комуникацијата на претставници на МОН и СОНК со посредство на медијаторот, за да се утврдат насоките и точките за водење на разговорите, а после празниците истите ќе течат со зголемен интензитет. Претседателот на СОНК го повика членството да не потпаѓа под провокации и да не верува на лажни вести – штрајкот не е прекинат туку е ставен во мирување во следните десет дена.

Неделков за првпат повика да не се политизира синдикалното движење на просветарите, нешто што во јавноста е тема уште на почетокот на штрајкот.

Телма очекува одговори од Образование и наука во однос на тоа дали ќе има одговорност за веќе пропуштеното од наставниот материјал, во изминатите неколку недели.