Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шукова: На наредната седница на Влада ќе биде доставена информација за поништување на процесот за Чебрен

/

пред 1007 дена

Сподели преку :

Во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во подготовка е информацијата со која ќе ја известат Владата дека се поништува постапката за тендерот за изградба на Чебрен, на кој единствен понудувач беше компанијата ППЦ-Архиродон, потврди министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Таа кажа дека до утринава нема добиено информација од грчката компанија зошто се откажале од проектот.

– До денеска утрово додека бев на работа се уште немаше ништо од грчката компанија, а подготвуваме веќе информација на Влада и подготвуваме одлука заедно со правниците и консултантите на наредната седница на Влада оваа информација ќе оди за поништување и за затворање на процесот за Чебрен, изјави Шукова на новинарско прашање по денешната  панел- дискусија во Скопје во рамки на кампањата на Владата „Европска иднина, поблиску од кога било“.