Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шумскиот пожар вo Калифорнија се зголеми двојно за 24 часа – ангажирани над 2.500 пожарникари

/

пред 816 дена

Сподели преку :

Пад на температурите и зголемена влажност на воздухот. Илјадниците пожарникари добија помош од временски услови за забавување и гаснење на големите шумски пожари кои беснеат низ САД.

Огнените стихии, сепак, брзо се шират. Стотици пожарникари се ангажирани само во Северна Калифорнија каде пожарот се зголеми двојно и, моментно, е најголем во историјата на САД.

Досега се уништени речиси 142.000 хектари површина на 144 километри северно од главниот град Сакраменто. Пожарот досега уништи и 134 објекти за домување, а дополнителни 4.200 се под голем ризик. Властите уапсија едно лице поради сомнеж дека го предизвикал пожарот во паркот.