Најголемата швајцарска банка „Ју-Би-Ес“ ја купи „Кредит Свис“ за повеќе од две милијарди долари. Таквиот потег е со цел да се обезбеди финансиска стабилност и заштита на швајцарската економија.
Тамошните власти објаснуваат дека е неопходно решение кое ќе ја врати довербата во банкарскиот систем. Извршниот директор на Гео Секјуритис, смета дека падот на пазарот ќе продолжи, бидејќи на банкарскиот сектор му треба време за да се опорави.











