Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Си-Ен-Ен“: Трамп се подготвува да прогласи лажна победа во Иран

/

пред 212 дена

Сподели преку :

Најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп веќе подготвуваат победнички наратив за војната со Иран, подготвувајќи се за денот кога ќе треба да се повлечат од воздушната кампања.

„Белата куќа креира надреално сценарио во кое Трамп безусловно ќе прогласи предавање на Исламската Република, дури и ако тоа не одговара на реалноста. Министерот за одбрана Пит Хегсет тврди дека само Трамп може да процени дали војната е „на почеток, на средина или на крај“, како неговиот шеф да е единствен арбитар среде зовриениот регионален конфликт“, пишува „Си-Ен-Ен“ во анализата.

Можните патишта за завршување на американските воени операции можеби се далеку, но расте притисок да се пронајдат, бидејќи нафтената криза која е последица на војната се заканува со катастрофа на глобалната економија. Покрај тоа, и онака кревката политичка позиција на Трамп дополнително би можеле да ја ослабнат високите цени на горива, иако тој упорно инсистира дека се привремени.

Фото: printscreen/youtube