Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сијарто: Нападите на руска територија повлекуваат ризик од сериозна ескалација на конфликтот

/

пред 783 дена

Сподели преку :

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Будимпешта се противи на нападите со оружје со долг дострел врз руска територија, бидејќи, како што наведе, тоа повлекува ризик од сериозна ескалација на конфликтот.

Ако има се повеќе и повеќе оружје во Украина, ако има далекусежни удари на руска територија, ќе има поголема опасност од ескалација, а опасноста од војна ќе стане посериозна и оваа војна само ќе стане потешка. Ние ова не го сакаме, затоа денеска во Брисел ќе заземеме мирољубив став, напиша Сијарто на Фејсбук пред денешната средба на шефовите на дипломатиите и министрите за одбрана во Брисел.

Сијарто оцени дека тоа што може да се види на бројните видеа, на кои се гледа како „сиромашните Украинци се носат на фронтот, каде повеќето од нив во основа чекаат да умрат“, е „брутално“.

Ова лудило мора да заврши, а исто така и војната во Украина, заклучи шефот на унгарската дипломатија.