Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сиљановска-Давкова го поздрави нон пејперот што го иницираа Мерц и Макрон

/

пред 117 дена

Сподели преку :

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздравува нон пејперот што го иницираа германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, но нагласува дека конечни оценки може да се дадат дури кога ќе има официјален документ.

– Мојата оценка е дека кога ќе видиме пејпер, тогаш ќе можам да кажам за што се работи оти нон пејпер значи нешто без наслов, без име, без потписи, со идеи, иако секогаш ваквиот тип документи, или многу често, им претходеле на вистинските документи. Ако се оценува чекорот, тогаш го поздравувам – изјави Сиљановска-Давкова во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Според неа, регионот со години се соочува со застој во евроинтеграциите, што придонело за нејасен однос на Европската Унија, и ја нагласи потребата од поголема предвидливост во процесот.