Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сиљановска Давкова за Курбан Бајрам: Различностите можат да бидат мост, а не препрека

/

пред 130 дена

Сподели преку :

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам до поглаварот на Исламска верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаи, како и до сите верници од исламска вероисповед.

Во честитката, таа им посакува празникот да го поминат во мир, радост и семејна благосостојба, нагласувајќи дека големите празници имаат силна духовна и општествена димензија, особено во време на неизвесност и недоверба.

Сиљановска-Давкова истакнува дека Курбан Бајрам, преку симболиката на дарување и пожртвуваност, ги промовира вредностите на човечност, емпатија, солидарност и одговорност кон другиот.

Таа посочува дека токму преку љубовта и грижата за ближниот, дури и во услови на разлики и предизвици, се гради интегрирано општество, каде различностите претставуваат предност и мост за единство.