Островот Минданао на Филипините денеска беше погоден од силен земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот бил регистриран на длабочина од 63 километри, а наскоро се очекува цунами да ги погоди Филипините и Јапонија, пренесува Ројтерс.

Филипинската сеизмолошка агенција соопшти дека брановите на цунами може да ги погодат Филипините и може да траат со часови.
Во тек е евакуација на жителите.
https://twitter.com/i/status/1730983221746409624
https://twitter.com/i/status/1730982853251633570











