Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силен земјотрес со јачина од 7,3 го погоди Чиле

/

пред 825 дена

Сподели преку :

Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди северниот дел на Чиле, во близина на границата со Аргентина, а засега нема извештаи за повредени или поголема материјална штета, соопшти Американскиот геолошки институт.

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 45 километри југоисточно од градот Сан Педро де Атакама, на длабочина од 117 километри.

Не е издадено предупредување за цунами.

Поради земјотресот делови од карпа паднале на автопатот што ги поврзува општините Калама и Токопиља, источно од епицентарот, а во градот Сан Педро де Атакама дошло до прекин на електричната енергија, информира претседателот на Чиле, Борич.