Земјотрес со јачина од 4,3 степени според рихтер ја погоди денес источна Турција јавува европскиот медитерански сеизмолошки институт .
Земјотресот се случи на длабочина од осум километри.
Епицентарот на земјотресот бил 32 километри југоисточно од градот Малатија, во кој живеат повеќе од 400.000 жители.
Засега нема податоци за можна материјална штета.











