Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силјановска Давкова: Никогаш повеќе да не ги жртвуваме стандардите за профит на поединци

/

пред 585 дена

Сподели преку :

Сè уште не можам да поверувам дека ужасната трагедија во Кочани е реалност. Претседателката Гордана Силјановска Давкова пред малку испрати пораки на сочувство.

„Знам и чувствувам дека не сме сами. Сите се огласија, не само соседите, туку и подалечни држави. Најтешко болните се во Софија, во Истанбул, во Грција, во Србија за да добијат врвна медицинска помош. Вечно ќе бидеме благодарни за оваа помош“, рече Силјановска-Давкова и потенцираше дека не смее ниту еден одговорен да ги избегне правото и правдата.

„Да ги здружиме силите, да не дозволиме никогаш повеќе да ги жртвуваме стандардите за профитот на поединците, ништо не е повредно од младешкиот живот, кажа претседателката во вонредното обраќање“, додаде Силјановска Давкова.