Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силјановска Давкова: Парламентарната дипломатија е моќен демократски инструмент

/

пред 125 дена

Сподели преку :

Парламентарната дипломатија и интерпарламентарниот дијалог се особено важни демократски инструменти, заради директниот легитимитет на пратениците, чиј извор е народот како политичка заедница, односно збир на индивидуи – граѓани, од кои извира и на кои им припаѓа суверенитетот, истакна претседателката Силјановска Давкова.

Според претседателката, Меѓународниот парламент за толеранција и мир ги надминува националните парламентарни агенди и ги обединува пратениците околу универзалните вредности, како мирот и толеранцијата. Неговата примарна цел е да ја разбуди човечката одговорност во оневозможувањето на насилството, промовирањето разбирање и одбраната на човековото достоинство.

-Во свет во којшто ѕидовите често се градат побрзо од мостовите, оваа платформа нè потсетува дека мостовите остануваат најхрабрата архитектура на политиката, додаде таа.

Сиљановска-Давкова,  имаше средба со  учесниците на 14-тата пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир , којашто ќе се одржи во Собранието, под покровителство на претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши.