Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силјановска се сретна со Ердоган, разговарало за предизвиците на турската заедница во Македонија

/

пред 173 дена

Сподели преку :

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Истанбул имаше билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која изразила сочувство за жртвите во вчерашното пукање во средното училиште во Турција, и посакала побрзо закрепнување на настраданите.

„Турција секогаш била наш близок пријател и укажувала помош во најтешките моменти, како трагедијата во Кочани и се солидаризираме со турскиот народ“, рекла Сиљановска-Давкова.

Од Кабинетот на Силјановска Давкова соопштуваат дека двајцата претседатели се согласиле дека „потпишувањето на Заедничката политичка декларација за формирање Совет за соработка на високо ниво, е можност за подинамична и поструктурирана билатерална соработка, што ќе резултира со одржување на прва меѓувладина седница“.

Сиљановска-Давкова ја поздравила и  турската дипломатска иницијатива – Балканска мировна платформа, оценувајќи ја како важен инструмент за јакнење на регионалниот дијалог и стабилност.

Обајцата се согласиле дека постои простор за зголемување на трговската размена и инвестициите и дека најавениот бизнис-форум во Турција може да  биде одлична можност за унапредување на економската соработка.

На средбата се разговарало за статусот на турската заедница во општествениот и политичкиот живот низ призма на правичната и соодветна застапеност, како и за функционирањето на дел од образовните институции. Претседателите се уверени дека предизвиците со коишто се соочува турската заедница во нашата држава ќе бидат надминати.

Сиљановска-Давкова упатила покана до претседателот Ердоган за официјална посета на земјата.

Претседателката престојува во Турција по повод учеството на 5. Дипломатски форум во Анталија.