Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силна бура го погоди бразилскиот град Сао Паоло

/

пред 738 дена

Сподели преку :

Силна бура го прекина снабдувањето со електрична енергија во најголемиот бразилски град, Сао Паоло.

Ветерот со брзина од 108 километри на час собори далноводи поради што без електрична енергија се повеќе од 1,6 милиони луѓе.

Невремето усмрти едно лице во Сао Паоло, а најмалку четворица во истоимената сојузна држава.

Поради бурата затворени се и неколку аеродроми, а во некои области прекинато е и водоснабдувањето.

Сао Паоло со 21 милиони жители е еден од петте најголеми градови во светот покрај Токио, Сеул, Мексико Сити и Њујорк.