Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силниот ветар синоќа направи големи штети во Општина Лозово

/

пред 1592 дена

Сподели преку :

Силниот ветар синоќа направи големи штети во Општина Лозово. Поради заплеткани електрични жици неколку села беа и без струја. Блокирани беа и патишта од паднати дрвја, а најсериозно беше на патот кон село Милинo, каде што на терен со механизација на комуналното претпријатие, општина Лозово, како и пожарникарите од Свети Николе се расчистуваше теренот.

Семејството на Илчо Ивановски од село Сарамзалино остана без кров. Паднато дрво им го оштети, а во тој момент во куќата имале неколку месечно дете.

Градоначалникот на општина Лозово најави  дека ќе се формира Комисија до која граѓаните ќе може да пријавуваат штети. Советниците на првата седница на Советот ќе  изгласаат финансиска подршка за семејството за итна санација на кровот.

Викторија Јованова