Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силно невреме со град ги зафати Босна и делови од Србија, се движи кон Хрватска

/

пред 852 дена

Сподели преку :

Силно невреме зафати делови од Србија. Најсилен интензитет имало во градовите Лозница и Крупањ каде дворовите буквално биле забелени.

Попладнево голема водена маса со обилни врнежи и силни грмежи се разви над североисточните и северните предели на Босна и Херцеговина кои во моментов се движат над Посавина и Шемберија.

Градовите и регионите меѓу Бањалука, Тузла и Брчко, како и поширокото подрачје на Бијелина се на удар на невремето.

Овој олуен систем до крајот на денот ќе го продолжи патувањето по југозападната висока струја над Сава кон Хрватска, а најтешко ќе биде погоден истокот од Хрватска, односно Славонија.