Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Симеска Димоска од ДПИ во „Топ тема“: Издадовме над 50 прекршочни налози за формирани цени со повисока маржа

/

пред 1420 дена

Сподели преку :

Државниот пазарен инспекторат во континуитет врши инспекциски надзори на територијата на целата држава и на терен се констатираат различни цени на производите што се должи на слободниот пазар, бидејќи цените можат да се формираат слободно и зависат најмногу од увозната, односно производствената цена што во моментот ја имаат производите кои подлежат на одлуката за посебни услови во трговијата, истакна Анета Симеска Димоска, директорка на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Во изминатиот период извршивме инспекциски надзор како кај трговците, така и кај производителите на прехранбени производи, како млекото и лебот. Производите на млеко, во најголем дел како што утврдивме се придржуваат на одлуката и мерките на владата и она што е најважно е дека нивната цена беше формирана согласно реалните трошоци при производството. Во однос на различните цени, влијаат тие фактори, ние само контролираме дали тие се движат во рамки на одлуката од 5 и 10 проценти“, нагласи Симеска Димоска.

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека целата листа на компании кои што ќе добијат субвенционирана струја од државата, како оние од прехранбената, млечната и месната, ќе биде доставена до ДПИ и ќе се прават соодветни контроли. Тоа ќе биде уште една, нова задача за ДПИ за наредниот период. Контекстот на тоа е намалување на цените на прехранбените производи за 10 до 12 отсто.

„Ќе го причекаме списокот од владата, најверојатно ќе има и соодветни барања до нас ки ќе треба да ги доставиме како информација. Во однос на механизмите, нашите инспекциски надзори и натаму ќе бидат со длабинска контрола. Имаме искуството и во досегашното формирање на цените и тоа како имаме начини и механизми за да утврдиме дали тие манипулираат со вкалкурирање на други трошоци кои претходно не ги калкулирале. Државниот пазарен инспекторат темелно ќе ја утврди цената што ќе ја формираат производителите и ќе ја информира владата и ако има потреба ќе бидат преземени соодветни мерки“, порача Симеска Димоска.

Злоупотребите за Симеска Димоска се прекршувања на Законот, термин што ДПИ го користи при постапките.

„Само во последниот месец, покрај контролите на прехранбените поризводи, во ограничувањата влегоа и цените на огревното дрво и пелетите за кои имавме над 80 инспекциски надзори и издадовме околу 12 прекршочни платни налози. Утврдивме дека формираната цена е надвор од одлуката, односно со повисока маржа, а дел од трговците не воделе соодветна евиденција која треба да се води, согласно Законот за трговија. Имаме и 200 инспекциски надзори по однос на почитување на одлуката во трговијата за прехранбените производи кои се наведени во одлуката со маржи од 5 и 10 проценти и притоа имаме издадено 40 прекршочни платни налози по основ на непочитување на одлуката или по основ на неводење на евиденција или евиденцијата не се наоѓала во објектот“, дополни Симеска Димоска.

Од 200 компании од прехранбената индустрија треба да добијат субвенционирана струја со тоа што од 1 декември ќе се префрлат на регулираниот пазар лак ЕСМ Продажба. Во најава е проширување на одлуката со компании од месната индустрија и се очекува, отприлика, над 1.000 компании да потшишат Догопвор за повластена цена од 80 евра за мегават час електрична енергија, со цел ефектите од него да ги почувствуваат граѓаните во намалување на цените.