Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синдикалците не отстапуваат од барањето за минималец од 450 евра и бараат да не се чека март

/

пред 690 дена

Сподели преку :

Синдикатите во земјава не отстапуваат од своето барање за минимална плата од 450 евра. Бараат Владата што поскоро да го свика социо-економскиот совет. Апелираат да не се чека законскиот рок за пораст на минималецот во март, кој според нивните пресметки треба да изнесува 1.800 денари, согласно порастот на трошоците за живот и просечната плата.

Од ССМ велат дека март е далеку и не треба да се чека. Очекуваат зголемувањето на минималецот на 27.600 денари треба да се случи пред Нова Година. За споредба, во Босна и Херцеговина минималецот доживеа двојно зголемување, па од сегашните 310 евра, тој порасна на 600.

Пораст ќе следи од јануари следната година, заедно со фискалните реформи во земјата каде сопствениците на бизниси ќе бидат ослободени од плаќање на дел од придонесите.