Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синдикалната кошница за август со изнајмен стан од 60 квадрати надминува 80.000 денари, во однос на јули има зголемување и кај храната и кај пијалоците за 12%

/

пред 414 дена

Сподели преку :

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2025 год. која изнесува 65.328,00 денари е зголемена за 179,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 80.882,00 денари.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 24.064,00 денари и споредена со месец јули 2025 година (23.682,00 денари) е зголемена за 382,00 денари, кај облеката и обувките е намалена за 114,00 денари, кај лична хигиена има намалување од 74,00 денари и кај транспортот е намалена за 16,00 денари .

Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 2.816,00 денари односно за 4,49 %, додека кај храната и пијалоците има зголемување за 2.584,00 денари односно за 12,09% .

Синдикалната кошничка во јули 65.328 денари, за три месеци храната и пијалoците поскапеле за 10 отсто