Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синдикалната минимална кошница за јануари поскапа од декемвриската за повеќе од 6 евра и покрај акцијата со новогодишната кошничка

/

пред 627 дена

Сподели преку :

Синдикалната минимална кошница за јануари потешка од декемвриската и покрај „новогодишната акција“ и намалувањето на цените на над илјада продукти, соопштија од Сојузот на Синдикати на Македонија.

Пресметките на синдикатот покажуваат дека во јануари минимумот за едно четиричлено семејство да го преживее месецот е 63.252 денари односно за 391 денар поскапо од декември минатата година.

Сите 63 продукти од синдикалната минимална кошничка беа опфатени со новогодишната акција и беа на попуст.

Ова значи дека доколку четиричленото семејство има примања од две минимални плати, ќе им недостасуваат над 18 илјади денари за да врзат крај со крај во текот не месецот.

Доколку семејството живее под кирија трошоците се качуваат на 78.627 денари месечно.

Анализите на Синдикатот покажуваат дека доколку се спореди јануари годинава со јануари минатата година бројките се далеку повисоки и пораснале за 10 проценти па така синдикалната кошница пораснала за 6.089 денари, а само трошоците за живот во делот на храна и пијалаци за една година скокнале за  2.191 денар.

Огнен Чанчаревиќ