Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синдикатот на контрола на летање ќе ја почитува судската забрана за штрајк но ќе се жали на апелација

/

пред 368 дена

Сподели преку :

Контролорите на лет ќе ја почитуваат судската одлука иако сметаат дека е нелегитимна, и нема да стапат во штрајк. Тие тврдат дека судската одлука за времена забрана за штрајк е погрешна и не се темели на законските одредби.

Од синдикатот презентираа докази кои што се во спротивност на тврдењата на судот наведени во образложението на одлуката. Барањата се од областа на законот за работни односи и се поврзани со колективен договор, исплата на надоместоци и услови за работа.

Од синдикатот соопштија дека веќе се подготвува жалбата до апелација во која што ќе бидат ставени сите аргументи кои што сакаат денеска да ги презентираат на рочиштето кое што судот го одложи вчера.

Граѓанскиот суд вчера донесе решение за времена забрана за штрајкот на контролорите за лет без да одржи ниту едно рочиште и без да наведе за кој период важи времената забрана.

T.Д.