Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Системот на ФЗО речиси функционален, детали за хакерискиот напад нема поради истрагата на Обвинителството

/

пред 1336 дена

Сподели преку :

Што точно се случувало на 6 февруари, како бил изведен хакерскиот напад кој 14 дена го блокираше работењето на една од клучните државни институции Фондот за здравствено осигурување, до какви информации имале пристап хакерите, останува непознато и по долгоочекувата прес конференција на еден од директорите Магдалена Филиповска Грашковска, која се повика на истрагата на Обвинителството и поради тоа не сподели многу детали.

Вториот директор Фатон Ахмети одлучи во екот на најголемата криза од постоењето на ФЗО да не го прекине својот одмор во Америка, и да не се појави пред домашната јавност.

Кој го извршил нападот информации нема, а Грашковска е децидна миграција на податоци не се вршела и заштитата односно „фајерволот“ не бил исклучен.

Иако на прес конференцијата немаше ИТ експерт од Фондот, Грашковска е децидна, непречен пристап до информациите на граѓаните имале и имаат во моментов, тие не се манипулирани а нападнати биле апликациите.

Откако ќе се стабилизира системот на ФЗО, ќе почне преносот на податоци на клауд, што е далеку побезбедна опција, и ќе се направи уште еден бекап на сите податоци за да се минимизира опасноста при нов евентуален напад.

По 14 дена хаос во пружањето на здравстени услуги на граѓаните и осигурениците состојбата полека се нормализира, платите на вработените во здравство се исплатени како и надоместоците за граѓаните и обврските кон болниците и добавувачите.

Огнен Чанчаревиќ