Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сите лица во малиот авион кој се урна во близина на Загреб се хрватски државјани

/

пред 880 дена

Сподели преку :

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го посети местото на несреќата на спортскиот авион „Цесна 182“, во која едно лице загина, а три се повредени и соопшти дека сите патници се хрватски државјани.

-За жал, едно лице почина, а на другите им е укажана помош“, рече премиерот и се заблагодари на цивилната заштита, пожарникарите, полицијата и лекарите од итната медицинска помош.

Сите повредени лица се згрижени и, според првичните информации, не се во животна опасност.

На местото на несреќата пристигнаа и претставници на агенцијата за истрага на несреќи во воздухопловниот, железничкиот и поморскиот сообраќај, кои ќе подготват извештај за причините за уривањето на малото летало.

Окружниот центар 112 пријавил дека во 15 часот и 47 минути добиле пријава за пад на авион „цесна 182“ со унгарски регистерски таблички и пет лица во него.

Двајца од полесно повредените се пренесени во болницата во Виноград, а сопатникот со повреди на главата е пренесен во друга клиника.

За лоцирање на соборениот авион на  службите им беа потребни час и половина, а Марин Лукас, шеф на станицата ХГСС во Загреб, за медиумите изјави дека се работи за пад на авион што се користел за транспорт на падобранци.