Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сите три блока на РЕК Битола во погон

/

пред 978 дена

Сподели преку :

Во моментот работат сите три блока од РЕК Битола, информираат од државниот производител на струја ЕСМ. Сите активности за подобрување на стабилноста и производството на електрична енергија се завршени, велат во компанијата.

Во МЕПСО велат дека проблемите се надминати уште минатиот месец и нема никакви пречки, ниту ограничувања од преносната мрежа на АД МЕПСО за непречено функционирање на сите производствени капацитети на АД ЕСМ.

Во втората половина на јануари, среде грејна сезона, работеше само вториот блок од РЕК Битола.

Третиот беше исклучен поради одржување, а првиот не можеше да биде вклучен на мрежа поради дефект на далноводот. ЕСМ и МЕПСО си ја префрлаа одговорноста по чија вина не може да се вклучи блокот од најголемиот производител на струја на земјата.