Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скалестите маржи истекуваат во среда, ако цените скокнат маржите ќе се вратат

/

пред 529 дена

Сподели преку :

Скалестите маржи за 102 групи на производи завршуваат во среда кога истекува владината мерка а од министерството за економија најавија дека цените ќе се следат и доколку има нагло зголемување веднаш ќе се интервенира со враќање на мерките кои би можеле да бидат со поширок опфат на производи.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека мерката била успешна и дала резултати а тоа го покажале статистичките податоци кои регистрирале намалување на цените во делот на храна и пијалаци како и пад на инфлацијата.

  • „Од податоците од Државен завод за статистика покажува дека мерката дала резултати. Во март имаме инфлација од 2,7 проценти а споредено со февруари имаме дефлација од 1,3 проценти. Во делот на храна и пијалаци се намалени цените“, изјави Бесар Дурмиши, министер за економија и труд.

Пазарната инспекција продолжува на терен и ќе внимава што се случува со на производите во маркетите и доколку почнат да се зголемуваат ќе го алармира министерството а Дурмиши не исклучува враќање на мерките и проширување на групи производи кои би биле опфатени.

  • „Ако имаме девијантно однесување на маркетите и енормно зголемување на цените ќе одиме пак со нови мерки. Ако не се однесуваат како што треба трговците и ги зголемат цените ќе има поригорозни мерки од овие сега“, вели Дурмиши.

Владината потрошувачка кошница ќе биде готова во текот на мај и ќе биде доставена до Владата и до ССМ, но засега не е утврдено дали ќе се пресметува на основ на три или четиричлено семејство

  • „Ќе биде точно прецизирано кои производи во кој временски период се трошат. Цените ќе се земат од повеќе трговци не само од два или три како што е во синдикалната кошничка. Идниот месец ќе го имаме документот кој ќе биде доставен до Владата и потоа и Економско социјалниот совет“, кажа Дурмиши.

Последните податоци на ССМ покажаа дека минималната синдикална кошница за април изнесува 62.691 денари и е за 836 денари поскапа во споредба со март а третина од кошницата 21.500 денари се потребни за најосновната храна и пијалаци.

Огнен Чанчаревиќ