Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скендер Реџепи влегува во трка за градоначалник на Скопје – за неговата кандидатура објави Ахмети

/

пред 438 дена

Сподели преку :

Скендер Реџепи од Народното движење ќе се кандидира за градоначалник на Скопје. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на Фејсбук ја објави неговата кандидатура за која напиша дека претставува не само единство на прогресивните сили на Албанците во Македонија, туку и јасна алтернатива на Скопје, град кој заслужува еднаков развој.

„Реџепи дипломирал на Филозофскиот факултет, поседува долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. Сега е пратеник во собранието, каде е глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник на длабоките политички и социјални реформи, пишува во објавата Ахмети.

Скендер Реџепи за противкандидати ќе ги има Каја Шукова од СДСМ и Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Локалните избори треба да бидат распишани до крајот на неделава, а најверојатно ќе се одржат на 19 октомври.