Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопјанец држел 22-годишна девојка 10 дена во својот дом против нејзина волја, а во меѓувреме бил и насилен

/

пред 218 дена

Сподели преку :

Oткако пристигнала од Германија 22-годишна девојка доживеала хорор. Во периодот од 23 февруари годинава до 4-ти март, односно 10 дена била држана затворена против своја волја од страна на 25-годишен скопјанец.

Тој освен што не ја пуштал да го напушти неговиот дом, туку во тој период извршил обљуба врз неа, и упатувал закани, а и го зел и телефонот со што таа не можела никако да побара помош. Сепак на 4-ти март успева да  телефонира на мајка и која понатаму случајот го пријавува во полиција.

Сето ова се случувало на подрачјето на Гази Баба. Известен е и јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Т.Д.